Како да се забрзаат стопанските спорови во Босна и Херцеговина

|

This page in:



Во Босна и Херцеговина (БиХ), луѓето постојано се жалат на деловното опкружување – и многу од нив ги обвинуваат судовите. Доказите укажуваат на тоа дека лошото работење на судовите негативно влијае на економијата на БиХ повеќе од било кое друго место во Европа и централна Азија (веројатно и пошироко).  
 
На пример, замислете дека сте локален бизнис и имате спор со добавувач, чија вредност е помала од 2.500 ЕУР. Ќе чекате во просек 702 дена пред да ја чуете судската одлука за вашиот предмет ... и тоа е дури и пред да се изврши одлуката!
 
Ова време на чекање е околу 6 пати подолго отколку во 47-те земји на Советот на Европа. За многу мали бизниси, ваков застој би бил неподнослив и вашиот бизнис би можел да пропадне пред да го добиете потребниот исход.
 
Така, за бизнисите кои имаат управни или судски предмети во судовите, застоите и недоследностите во судските одлуки предизвикуваат огромна фрустрација и несигурност, што пак директно негативно се одразува на нивното деловно работење.
 
За бизнисите кои немаат предмети во судовите, стравот од судовите ги одвраќа од склучување на договори.  Стравот исто така ги одвраќа и од барање на правдата кога имаат спор. Многу бизниси и понатаму се мала цел – мали или неформални или без можност за раст. А кога имаат спор, ги одбегнуваат судовите и се обидуваат да преговараат  најдобро што можат во сенката на законот. 
 
И на крајот, токму микро, малите и средните претпријатија (ММСП) најмногу страдаат. Тие најчесто немаат толку голема моќ во преговорите и се подложни на злоупотреби на судските постапки од страна на поголемите играчи.
 
Значи, што може да се направи?
 
Во Федерацијата на Босна и Херцеговина (ФБиХ), чинителите побараа од Светска банка да испита како најдобро да се подобри управувањето со стопанските спорови. Постои одредено чувство дека решението можеби лежи во создавањето на специјализирани стопански судови – како оние што постојат во соседниот ентитет, Република Српска или пак во соседните земји како што се Србија и Хрватска. 
 
Меѓутоа, како што сите добри креатори на политики прават, тие прво сакаа да ги испитаат можностите и да ја проценат нивната остварливост, пред да се впуштат во конкретни активности. 
 
Ние туку што ја завршивме Студијата и истата може да се најде тука. Направена е анализа на работењето на судовите во ФБиХ, врз основа на статистички обеми на работа, финансиски податоци и податоци за човечки ресурси, десетина интервјуа со клучни чинители, како и мала анкета на претставници на деловниот сектор. Студијата се потпира на меѓународните и регионалните добри практики и извлечените поуки од земји со различни модели на специјализација за стопански спорови.  На крајот, Студијата дава низа можности, како и уставните, законските, оперативните и финансиските импликации на секоја од нив.
 
Врз основа на анализата, Светска банка препорачува ФБиХ да спроведе пакет на реформи за подобрување на ефикасноста и квалитетот на работата во судовите – вклучувајќи:

  • Зајакнување на постоечките стопански одделенија;
  • Спроведување на напредна обука за стопански спорови на стопанските судии;
  • Затворање на процедуралните дупки во законите;
  • Разрешување на малите предмети (како што се оние со вредност помала од 2.500 ЕУР) по брза постапка ; и
  • Понуда на судовите на одредени стимулации засновани на доброто работење.За среќа, спроведувањето на овој пакет на реформи нема да бара спроведување на тешки активности како што се воспоставување на посебни специјализирани структури на стопански судови, со што неговото спроведување   ќе биде побрзо, полесно и поевтино. Меѓутоа  ќе биде потребна цврста политичка волја и низа практични чекори.
     
    Извештајот исто така дава и увид во и совети за други места, вклучувајќи ја и Република Српска, како и соседните земји, за тоа како да го забрзаат постапувањето по стопанските спорови и да го подобрат деловното опкружување 
    Погледнете го извештајот на англиски и босански јазик. Со нетрпение ги очекуваме вашите коментари!

Authors

Georgia Harley

Senior Justice Reform Specialist

Marina Matic

Justice Reform Expert

Join the Conversation