Ајде да го вклучиме светлото! ПИСА тестирањето и Македонија

|

This page in:

 

Во 2015 година, повеќе од половина милион ученици – претставници на 28 милиони ученици на 15-годишна возраст од 72 земји и економии – учествуваа во Програмата за меѓународно оценување на учениците на ОЕЦД (ПИСА) тестот. Учениците беа оценувани во наука, математика, читање, соработка при решавање проблеми и финансиска писменост. ПИСА е највлијателиот механизам за  меѓународна проценка, кој обезбедува вредни податоци, дава можност да се обележат достигнувањата на земјите, идентификува предности и слабости, помага во подготовка на ефиксни политики. Истовремено, има единствена можност да создаде критика, поттикне критицизам, иницира обвинување и засрамување, покрене оставки на министри за образование и да стимулира сериозни национални дебати поврзани со можностите за напредок.

Во Македонија, изразувањето на ставови и критики поврзани со резултатите од ПИСА главно се одвиваа на социјалните мрежи. И иако се уште не слушнавме став од Министерството за образование, сепак сум задоволна што многу експерти кои не се поврзани со образованието, сметаат дека оваа тема го заслужува нивното време и простор на Facebook и останатите платформи. Постои растечки број на луѓе кои, кога се работи за основните вредности на општеството, сметаат дека гласот на мнозинството треба да биде слушнат – вклучително и за вредностите на образованието во име на добросостојбата на поеднинците и општеството во целост.

Сепак, основната загриженост не е дали образовниот систем во Македонија служи на нејзините деца, туку тоа дека Македонија е рангирана на дното од табелата! Се разбира, тоа само по себе е загрижувачки, но она што навистина треба да не’ загрижува сите е дека две третини од учениците на 15- годишна возраст во Македонија се функционално неписмени по секој тестиран предмет.

Додека побарувачката за вештини постепено се поместува од рутински, когнитивни активности – кон вештини за „нови економии“  кои вклучуваат нерутински когнитивни вештини (на пр. способност за критичка анализа на информациите, решавање проблеми) и некогнитивни вештини (на пр. интерперсонални вештини, тимска работа, работна етика, издржливост) – многу млади луѓе во Македонија не поседуваат дури ни основни вештини потребни за нивна ефективна и продуктивна партиципација во животот. Овој јаз во однос на поседување на вештини не само што ги попречува идните работни перспективи на младите, туку ја попречува и економската конкурентност на земјата.

Гледано низ призма на еднаквоста, резултатите од ПИСА покажуваат дека македонскиот образовен систем е во мрак – и не успева да види што во основа е потребно за да се обезбеди соодветна поддршка за сиромашните ученици и оние од руралните региони. Постигањата на на  различни групи се нееднакви. Учениците од урбаните области имаат подобри резултати од оние од руралните, а учениците кои припаѓаат во групата со  највисоки примања имаат резултати еднакви  на две учебни години повеќе во однос на учениците кои припаѓаат  на групата со најниски приходи.

Македонија учествуваа во меѓународни  оценувања на постигањата на учениците од 1999 година. Дебатите поврзани со резултатите на земјата секогаш се фокусирале на споредба со просечните резултати на останатите земји, и по неколку дена – вклучително и образовните власти – се продолжувало како и претходно. Достапните податоци ретко се користени за  информирање на политички решенија или за креирање реформи. Системот функционира со децении во мрак.

Длабинска анализа на податоците од ПИСА е првиот чекор во ангажирање во некоја сериозна дискусија за можните политички активности и реформи, кои вистински се насочени кон подобрување на образовните резултати во Македонија. До сега, повеќето образовни реформи се правени без оваа богата база на податоци, базирани на докази, оставајќи не’ со систем неспособен да помогне на повеќето ученици да се здобијат со основни способности.

Потребна е мобилизација на  сета достапна експертиза  во земјата за решавање на овие предизвици, без разлика на политичката или етничка припадност. Сега е вистинскиот момент, утре може да биде предоцна. Време е да се престане со работа во мрак , за почеток потребно е да  научиме што овој систем богат со податоци има да ни каже околу нашиот образовен систем и како да го подобриме.

Ајде да го вклучиме светлото!
---------------------------------

Повеќе информации
 
Topics

Authors

Bojana Naceva

Senior Education Specialist

Join the Conversation