Во транзицијата од училиште кон вработување, дали можеме да поттикнеме начин на размислување и определба за раст за да им помогнеме на младите да успеет?
Also available in: English

Како најдобро да им помогнеме на децата и младите да успеат во животот? Ова прашање има највисок приоритет за родителите, едукаторите и креаторите на политики низ целиот свет. Сè поголемо внимание се посветува на клучната улога на социоемоционалните вештини како што се определбата (упорноста) и мотивацијата да се надминат пречките и неуспесите во патот кон успехот. Најновите проминентни примери во фокусот на оваа тема се блогот на Салман Кан (од онлајн академијата на Салман Кан) во Хафингтон пост на оваа тема [1], и неодамнешниот пост во Линкдин на претседателот на Групацијата Светска банка Џим Јонг Ким [2].





