Published on Eurasian Perspectives

Читаме дома: Ефективни партнерства за да допреме до ранливите деца во Северна Македонија

This page in:
??????, 7 ? ????????? ????? ? ?????? ?????? ????? ?? ???????? ?????. ??? ????: ????? ??? ?????? ?? ????? ?? ???????? ? ????? ????? ?? ?? ???????? ?? ?? ????? ?? ?? ????? ?? ????? ?????? ???? ? ?????? ? ?? ?? ????????? ?? ?????????? ?? ???????.? Елвира, 7 и нејзините браќа и сестри добија книги на албански јазик. Таа рече: „Само што почнав да читам на училиште и едвај чекам да се усовршам за да можам да им читам на моите помали брат и сестра и да ги забавувам со приказните од книгите.“

Читањето може да ги пренесе децата во нови светови, а силни развиени вештини за читање се основни за успехот на училиште. Кога семејствата редовно разговараат, меѓусебно комуницираат и им читаат на малите деца, поверојатно е дека тие ќе имаат посилни јазични и когнитивни вештини, ќе бидат поподготвени за училиште и во трето одделение ќе покажат дека го совладале читањето. Кога децата учат да читаат на својот мајчин јазик или на јазикот што го зборуваат дома, тие побрзо ја градат својата писменост што ја формира основата за читање на други јазици

Но, премногу деца немаат книги дома. Неодамнешната студија со која беа опфатени 35 земји со различно ниво на приходи утврди дека само половината од сите деца дома имаат барем една книга. Некои родители можеби не ја разбираат улогата што тие може да ја играат во поттикнувањето на учењето на децата преку читање со нив. На светско ниво, само половината од сите родители изјавуваат дека редовно си играат, им пеат и им читаат на своите мали деца. 

„Читаме дома“ е нова иницијатива  во домовите да ги внесеме читањето, учењето и материјалите за играње, насочен кон семејства што се избрани од министерствата за образование во контекстот на пандемијата со КОВИД-19. Читаме дома не е само одговор на кризата, туку е и клучна компонента на градењето на систем што ќе им помогне на земјите да се справат со сиромаштијата на учењето и да бидат отпорни во соочувањето со идните шокови. Во последните 6 месеци, Светска банка работи со властите во 10 земји, вклучувајќи ја и Северна Македонија, на утврдување на постојните партнери, книгите и алатките со кои ќе им се помогне на родителите и на членовите на семејствата да го поддржат учењето на нивите деца.  

Владата на Северна Македонија со поддршка од Светска банка ја започна иницијативата „Читаме дома“ во земјата со главна цел да се дистрибуираат книги до сите деца од семејства со ниски приходи, на нивниот мајчин јазик. Со ставање на книгите во рацете на децата и ангажирање на родителите да им читаат на јазикот што го зборуваат дома, „Читаме дома“ може да ги зголеми резултатите на децата по читање во пониските одделенија, што во просек се за 20 проценти пониски кај учениците чиј прв јазик не е македонскиот. 

Во првиот круг, „Читаме дома“ во Северна Македонија се насочува кон 40.000 деца на возраст од 3 до 12 години, кои живеат во семејства со месечен приход што не надминува 260 евра. Овие семејства се корисници на Гарантираниот минимален приход (ГМП) или на националната програма за социјална заштита. 

Во октомври, 15.000 деца од цела Северна Македонија добија мали пакети на шарени, илустрирани книги со приказни на нивниот мајчин јазик. Во пакетот беа вклучени и идеи и прашања што нивните родители може да ги испробаат кога ќе им ги читаат приказните како и игри што би можеле да ги играат заедно во другите делови од денот. Едно од тие деца е Елвира (на сликата горе), седумгодишно девојче, кое живее во селото Инџиково во непосредна близина на главниот град Скопје. Елвира и нејзините браќа и сестри добија книги со приказни на албански. Таа рече: „Само што почнав да читам на училиште и едвај чекам да се усовршам за да можам да им читам на моите помали брат и сестра и да ги забавувам со приказните од книгите.“

За помалите деца (на 3-7 годишна возраст), партнерството со Think Equal (Мисли еднакво) и со Меѓународното здружение чекор по чекор (ИССА) во Северна Македонија помогна да се изберат квалитетни книги со приказни на турски, ромски и босански јазик како и на подостапните македонски и албански јазик. Секое дете добива пакет од четири сликовници на својот мајчин јазик придружени со прашања и активности за секоја книга.

Децата на возраст од 8 до 12 години добиваат избрани книги со приказни на својот мајчин јазик што се дел од нивната наставна програма. Иако овие книги се задолжителни, на ранливите семејства им е тешко да си ги дозволат така што оваа интервенција директно ќе придонесе за учењето на децата на училиште и дома ставајќи ги децата што се корисници на програмата „Читаме дома“ на поеднакво рамниште со нивните другарчиња.

Сите семејства добиваат насоки за начините за читање на децата соодветни на нивната возраст и визуелен постер со клучните пораки за читањето дома. Тимот го ангажираше Ване Костуранов, уметник од Северна Македонија кој е добро познат по своите слики на куќи, да го дизајнира постерот за секоја возрасна група. 

Пакетите „Читаме дома“ за помладите возрасни групи се испорачани користејќи ги постоечките канали на програмата за социјална заштита. Тимови на Светска банка и на Министерството за труд и социјална политика работеа заедно на развој и дистрибуција на списоците за утврдување на живеалиштето и на мајчиниот јазик на корисниците. Социјалните работници учествуваа на куса виртуелна обука како прво да ги запознаат семејствата со пакетите и како потоа да ја изградат довербата на родителите и да се справат со нивните предизвици во читањето дома. Дистрибуцијата беше спроведена од Црвениот крст на Северна Македонија.

Пакетите „Читаме дома“ за децата на 8 до 12 годишна возраст ќе бидат дистрибуирани низ истите канали во јануари 2021 година. 

За да разбереме како „Читаме дома“ ги менува практиките на ниво на домаќинство, тимот спроведува евалуација со примерок од домаќинствата корисници. Податоците се прибираат преку телефонска анкета развиена од тимот на Светска банка за проширување на обемот на мерењето во раното детство. Со телефонската анкета ќе се прибираат податоци за поддршката од родителите во домот, за контекстот на домаќинството, за користењето на образовните материјали, за однесувањето внатре/надвор и за дисциплината на децата. Анкетата е адаптирана од анкетата Ран Детски Развој (РДР) КОВИД-19 која што како пилот проект се спроведува во 15 земји низ целиот свет. 

Министерката за образование и наука, Мила Царовска и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, на 17 октомври 2020 година, Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата, официјално го одбележаа почетокот на иницијативата „Читаме дома“. Министерките лично, на повеќе семејства им поделија пакети книги, а министерката Царовска им читаше на ученици од прво одделение. Во текот на денот, секоја од министерките ја нагласи важноста на партнерството за подобрување на пристапот до квалитетно образование и за намалување на циклусот на сиромаштијата. Министерката Царовска забележа дека: „Можеме да и ставиме крај на сиромаштијата само преку правото на пристап до квалитетно образование за секое дете. Повикувам сите да работиме заедно на реформските процеси во образованието што ќе обезбедат просперитет за граѓаните.“ „Читаме дома“ во Северна Македонија е пример за тоа како стратешките партнерства можат да се надградат на постојните ресурси за брзо да допрат до децата и до семејствата и да ја поттикнат културата на читање.

Посетете ја нашата интернет страница за повеќе да научите за иницијативата „Читаме дома“, која е дел од напорите на Светска банка за промовирање на континуираното и забрзаното учење како одговор на КОВИД -19. 


Authors

Bojana Naceva

Senior Education Specialist

Melissa Kelly

Early Years Fellowship Coordinator

Join the Conversation

The content of this field is kept private and will not be shown publicly
Remaining characters: 1000