Published on Eurasian Perspectives

Што се случува ако не ја платите својата сметка? Извлечени поуки од централна и источна Европа

This page in:

Image

Сите ние имаме редовни сметки за плаќање за сеприсутните услуги кои ги трошиме – било да се работи за комунални услуги (вода, затоплување, електрична енергија итн.), кредитни картички, членства или отплати за автомобили.  Но, не сите ги плаќаат своите сметки.
 
Во целата економија овие неплатени сметки се претвораат во милиони предмети за извршување од мала вредност, кои честопати се неспорни. На економијата ѝ е потребен систем кој брзо, евтино и првично може да се справи со ваквиот долг.  Доколку системот за наплата на долгови потфрли тоа доведува до низа системски проблеми кои постепено ги задушуваат како судовите така и целата економија. 

Во неколку земји каде што работиме во Европа – главно во средна, јужна и источна Европа – судовите се заглавени со огромен број на заостанати предмети од ваков вид. Сепак, некои од нивните соседи успеале да го решат проблемот. 

Зошто луѓето не плаќаат? Зошто некои земји се подобри во оваа работа од другите?  И што може да се направи за да се подобрат системите за наплата на долговите?

За да се изнајдат тајните на нивниот успех и да се нагласат извлечените поуки за другите, Светска банка тукушто објави нов извештај, Во прилог на ефективно извршување на неспорни парични побарувања: Лекции од источна и од централна Европа.

Зошто луѓето не плаќаат (и зошто е тоа важно)? 

Некои велат дека проблемот на неплатените сметки е чисто симптом на сиромаштијата – луѓето едноставно не можат да си дозволат да платат. Други пак се поскептични и укажуваат на сеприсутното користење на мобилни телефони во регионот, вклучувајќи ги тука и сиромашните.  Тие велат дека проблемот на неплатени сметки, особено сметките за комунални услуги, се однесува на конкретната култура и контекст – во поранешните социјалистички земји во Европа комуналните услуги беа субвенционирани или целосно обезбедени од страна на државата и граѓаните едноставно не стекнале ’навика‘ да плаќаат. Некои други пак тврдат дека ограничувањата на можностите на давателот на комуналната услуга да ја прекине услугата поттикнува неплаќање. 

Проблемот со неплаќањето на сметките за комунални услуги најчесто се надополнува самиот себеси. Доколку процесот за наплата на долгови не се спроведува добро, граѓаните секогаш го дознаваат ова и помалку е веројатно дека ќе плаќаат. Оттука произлегува ефект на снежна топка: компаниите трпат загуби, судовите се заглавуваат, а судиите и вработените го губат своето време на мали, честопати залудни предмети, додека пак значајните предмети остануваат во редот на чекање. На крајот, страда правосудниот систем, како и целата економија.

Кои земји добро работат?

Некои земји направиле систем на ’подвижна лента‘ за постапување по овие предмети делотворно, ефикасно и правично.

Еден пример е Естонија. Сите неспорни предмети во Естонија се решаваат во еден единствен судски оддел, Центарот за платни налози сместен во обласниот суд Парну.  Таму работат само 4 судски помошници и 29 други судски службеници кои постапуваат по барања за извршување на неспорни побарувања во рок од само 10 дена и по цена од 45 ЕУР по побарување. Доверителите можат да поднесуваат барања за парични побарувања со вредност до 6.400 ЕУР и постапката е целосно електронска. Центарот разгледува околу 40.000 барања годишно.

На сличен начин, електронскиот суд во Полска, оддел на регионалниот суд Лублин – Вест, има надлежност над целата територија на Полска.  Таму работат само 8 судии и 119 судски службеници кои се дипломирани правници. Во 2015 година, електронскиот суд издаде околу 2 милиони налози за извршување.  Доверителите во Полска можат да поднесат барања аз издавање на платни налози без оглед на износот на побарувањето. Судската такса е само 1,25% од вредноста на побарувањето. Процесот исто така се спроведува целосно електронски и трае околу 10 дена.

Постигнување на рамнотежа

Успешните земји постигнуваат рамнотежа помеѓу економичноста и почитувањето на правата на граѓаните. Тие користат ефикасни (честопати централизирани) процеси кои ја користат моќта на ИКТ. Имаат воспоставено постапки по кои должниците можат да ги оспорат побарувањата, а по приговорите се постапува поединечно, брзо и со почитување на правата на граѓаните.  Овие земји имаат здраворазумски правила за законските ограничувања, како и поттици за спојување на слични предмети – со што се спречува акумулирање на заостаток.

Со оглед на тоа дека решенијата, дури и оние од соседните земји, не можат прост о да се препишат и спроведат во други земји, овој извештај исто така го анализира управувањето со реформите, политичката економијата, како и можностите за зголемување на свеста и управување со промените.  

Во извештајот, Во прилог на ефективно извршување на неспорни парични побарувања: Лекции од источна и од централна Европа, даден е краток опис на низа можности, како и одредени препораки за творците на политиките заинтересирани за ваков вид на прагматична и практична реформа. 

Извешајот е објавен на српски и бугарскихрватски, македонски и албански јази


Authors

Georgia Harley

Senior Strategy Officer, International Development Association (IDA)

Join the Conversation

The content of this field is kept private and will not be shown publicly
Remaining characters: 1000