Published on Voices

Во транзицијата од училиште кон вработување, дали можеме да поттикнеме начин на размислување и определба за раст за да им помогнеме на младите да успеет?

This page in:

Image
Како најдобро да им помогнеме на децата и младите да успеат во животот?
Ова прашање има највисок приоритет за родителите, едукаторите и креаторите на политики низ целиот свет. Сè поголемо внимание се посветува на клучната улога на социоемоционалните вештини како што се определбата (упорноста) и мотивацијата да се надминат пречките и неуспесите во патот кон успехот. Најновите проминентни примери во фокусот на оваа тема се блогот на Салман Кан (од онлајн академијата на Салман Кан) во Хафингтон пост на оваа тема [1], и неодамнешниот пост во Линкдин на претседателот на Групацијата Светска банка Џим Јонг Ким [2].

Ова не е само уште една мода во политиките. Тоа е поткрепено со обемни емпириски истражувања. Теоријата на Карол Двек за „начин на размислување за  раст“ се потпира на тоа дека поединците кои веруваат дека нивната интелигенција или вештини не се фиксни, туку можат да се подобруваат преку напори и посветеност, имаат поголеми шанси да успеат. Во нејзината книга начинот на размислување [3], д-р Двек демонстрира како децата со начин на размислуавње  за раст имаат подобри резултати на училиште споредено со нивните другарчиња со фиксен начин на размислување  и како луѓето со ист талент за спорт, музика или менаџмент имаат поголеми шанси за успех ако нивниот начин на размислување цели кон раст.  Таа ги советува родителите и наставниците да го сменат начинот на кој ги фалат децата со тоа што ќе им кажат „Навистина сум импресиониран/а колку напорно работеше да го решиш овој проблем,“ наместо „Толку брзо го реши проблемот, многу си умен/умна!“

Во своето истражување, Анџела Дакворт и нејзините колеги додадоа дека верувањето дека се можни промени преку себеподобрување води кон постојани напори за постигнување на целта. Тие имаат многу пишувано за определбата како силен претскажувач на успехот [4], без разлика дали се работи за училиште, работно место, брак или војска.

Преку Програмата за вештини за раководење СТЕП [5], Светска банка, во соработка со истражувачи како д-р Дакворт, направи пионерски напори во земјите во развој за да ја из мери и анализира важноста на овие и на други социоекономски вештини кај младите и возрасните – баш како ПИСА на ОЕЦД [6] и PIAAC [7] за когнитивните вештини. Од Бугарија до Перу и Виетнам [8], сè повеќе докази од овие истражувања покажуваат дека во земјите во развој, слично како и во развиените економии, овие „меки“ или „некогнитивни“ вештини се важни за социоекономскиот успех. На пример, во Перу [9], се утврди дека поголемата определба доведува до поголеми заработки исто колку и да се биде поумен (мерено според когнитивните тестови). Овие вештини се особено важни за социјалната инклузија на сиромашните жени и на маргинализираните малцинства.

Ова го поставува прашањето: Дали можат да се предаваат социемоционалните вештини или  да се има влијание на развивање карактерни особини како што е упорноста и менталниот склоп за раст?
Сè повеќе докази од внимателно направени студии укажуваат на потврден одговор на ова прашање. Двек и соработниците покажаа дека релативно едноставни, евтини [10] „интервенции за менување на начинот на размислување“ – каде учесниците се подучуваат дека нашиот мозок е како мускул што прави нови врски преку учење нови работи и работа на проблеми – можат да го сменат менталниот склоп и да поттикнат поголеми достигнувања.

Во една ваква студија [11] се процени влијанието на вклучувањето на овие интервенции во 8 неделна работилница за вештини за учење на седмоодделенци во Њујорк. Студијата покажа исклучителни резултати: додека оценките по математика на учениците од контролната група, кои имаа само работилница за „вештини за учење“, се намалуваа во текот на годината, кај оние во третираната група се зголемуваа. Во друга студија по случаен избор [12], направена од д-р Дакворт и соработниците во вишите одделенија на американско градско училиште, учениците од петто одделение кои научиле ментални алатки за избегнување на одвлекувањето на вниманието и со тоа се задржале на учењето, ги подобриле оценките и редовноста во училиште споредено со учениците од плацебо контролната група.
Овие истражувања веќе инспирираа пошироки иновации во образовните практики. Карол Двек и нејзината коавторка Лиза Блеквел развија онлајн програма Брејнолоџи [13], со која размислување   за раст им се предава на околу 50.000 ученици од вишите одделенија на основните училишта и од средните училишта. Мрежата од 162 КИПП училишта во САД, со 58.000 ученици, усвои Карта за раст на карактерот [14] за да го следи напредокот на учениците во развивањето на клучните социоемоционални вештини паралелно со нивните академски оценки.

Уште една иницијатива, програмата за „академски развој на младината“[15], понудена како дел од програмата Агилен ум, и спроведена во скоро 500 училишта во 12 држави, има за цел да го промени начинот на размислување и ставовите на учениците за нивниот потенцијал за учење за да ги подобри нивните резултати по математика и природни науки. Иако сè уште не се направени поцелосни оценки на некои од овие програми, веќе постојат докази кои укажуваат дека тие можат да постигнат[16] резултати [17] преку подобрување на академската успешност и на постигнувањата подоцна во животот.

Дали овие сознанија можат да се применат во земјите во развој за да се подобри учењето во училиштата и да се разрешат проблемите со невработеноста и социјалната исклученост на младите?
Иако доказите за тоа како може да се негува начин на размислување и определбата за раст се охрабрувачки, досега истражувањата се фокусираа на децата и на контекстот на развиена земја (најмногу Соединетите Американски Држави). Светска банка работи со Министерството за образование на Перу на спроведување и оценка на програма [18] за предавање социоемоционални вештини, надоврзувајќи се на претходна студија [19]. Нашиот тим, вклучувајќи колеги од Светска банка за образование, сиромаштија и социјална заштита и светски трудови практики, работи на намалување на јазот на знаење преку дизајнирање и  вреднување на интервенциите насочени кон развивање на вештини за менување на начинот на размислување за подобрување на транзицијата од училиште кон вработување во Европа и Централна Азија.

Првата ваква интервенција на ниво на земја, во моментов во фаза на дизајнирање, има за цел да ги изгради овие важни социоемоционални вештини и преку нив да ја подобри успешноста во училиштето, аспирациите и очекувањата на пазарот на трудот на учениците во средните училишта во Република Македонија. Квалитативните студии покажаа дека перцепциите и аспирациите на многу македонски младинци остануваат закотвени во наследството од минатото: многу од нив мислат дека напорите и напорната работа не се исплатуваат. Тоа во голем дел придонесува за високата стапка на невработеност и неактивност во земјата, особено кај младите жени од етничкото албанско и ромско малцинство.

Со поддршка од швајцарската Агенција за соработка [20] и во соработка со македонското Mинистерство за образование и локални истражувачи, работиме на спроведување на интервенција  за промена на начинот на размислување како дел од постојната наставна програма за средното образование, за да го поттикнеме  размислувањето за раст кај тинејџерите и нивната способност да поставуваат цели и да делуваат според своите намери. Интервенцијата ќе биде применета во училишта по случаен избор низ Македонија за да се оцени како таа ќе влијае врз академските резултати како и на целите и аспирациите  за вработување по завршувањето на школувањето, особено кај младите девојки и учениците од малцинствата. Се надеваме дека ќе можеме да ги следиме овие ученици за да го процениме долгорочното влијание на оваа интервенција на успешноста на пазарот на трудот.

Во друга студија, за која најдовме заинтересирана земја клиент и за која во моментов се бараат средства за финансирање, имаме за цел за прв пат да ги испитаме потенцијалните ефекти на интервенциите  за промена на начинот на размислувањеза успешно интегрирање на пазарот на трудот. Конкретно, се фокусираме на невработените млади лица што веќе завршиле со школување и кои се обидуваат да  направат транзиција од образование кон вработување. Дизајнираме интервенција на промени во начинот на размислување која може да им се им биде од корист  на клиентите на јавните агенции за вработување и планираме да го оцениме ефектот на оваа интервенција на прифаќањето и завршувањето на постојните обуки и програми за поддршка на вработувањето, на интензитетот на напорите за барање работа на учесниците и ако е можно да ги следиме и подолготрајните влијанија на пазарот на трудот.

Има уште многу непознати работи за програмите за успешен развој на социоемоционалните вештини. Веруваме дека, ако се покажат успешни, овие програми можат да се покажат како многу моќни и рентабилни интервенции што можат да се усвојат на ниво на земја, од образовните институции и агенциите за вработување во земјите во развој. Секако, го прилагодуваме начинот на предавање на интервенциите на постојните структури на јавните институции за да овозможиме примена на сите нивоа.

Важно е да се каже дека придобивките се прошируваат и надвор од училишната и работната средина. Како што покажа животот на големиот Нелсон Мандела, за да направиме големи промени, мора да бидеме спремни да не успееме, да не успееме, да се прилагодиме и повторно да почнеме. Мора да бидеме определени за промена на менталниот склоп и да ги направиме нашите деца и младина поопределени за да можат подобро да се подготват продуктивно да учествуваат во општеството и да станат двигатели на промените. Планираме да го споделиме нашиот дизајн на студијата и резултатите како што ќе се појавуваат во текот на следната година, па затоа следете нè.

Во овој блог придонес даде „Тимот на Светска банка за промена на менталниот склоп“ составен од Викторија Левин (економист, социјална заштита и светски трудови практики), Омар Ариас (главен економист, социјална заштита и светски трудови практики), Марија Давалос (економист, светски практики за сиромаштија), Ана Марија Муњоз (виш родов специјалист, светски практики за сиромаштија), Бојана Нацева (виш специјалист за образование, светски образовни практики) и Индира Сантос (виш економист, социјална заштита и светски трудови практики).


Related

What I Learned from Sal Khan (Linked In post by Jim Kim)

Step Skills Measurement Program


Authors

Join the Conversation

The content of this field is kept private and will not be shown publicly
Remaining characters: 1000