Published on Eurasian Perspectives

Податоците се основа за подобрување на состојбата на ЛГБТИ заедницата

Stetoskop na LGBT zastavi Stetoskop na LGBT zastavi

Маски за лице, долги редови пред продавниците за храна и социјална дистанца станаа нашето ново нормално. Покрај илјадниците луѓе кои се разболеа или ги загубија своите животи, пандемијата КОВИД-19 има сериозно влијание врз милиони луѓе кои веќе ги изгубиле работните места - и со тоа нивните средства за живот.

Тоа особено се однесува на најранливите, кои и пред почетокот на кризата  се соочуваа со зголемена дискриминација и исклучувања. Во Западен Балкан, ние сме свесни за ризиците од исклучувањето на Ромите, лицата со посебни потреби и припадниците на ЛГБТИ заедницата . Овие, веќе постоечки нееднаквости, веројатно ќе бидат засилени со пандемијата, што го отежнува пристапот на овие популации до критичните услуги - вклучително и здравствената и социјалната заштита. Затоа, овие прашања треба да се разгледаат како дел  од и одговор на КОВИД-19 пандемијата, бидејќи ризикуваме да ги продлабочиме постојните поделби во здравството, образованието и вработувањето.

Светска банка, заедно со Азиската банка за развој (ADB), Европската банка за обнова и развој (EBRD) и Интер-американската развојна банка (IDB) беа домаќини на серија виртуелни дискусии во знак на одбележување на Меѓународниот ден против хомофобија, трансфобија и бифобија (IDAHOTB). И додека главна тема на овие дискусии меѓу партнерите за развој, владините претставници, академската јавност и активисти на ЛГБТИ беше одговорот на влијанието од КОВИД-19, сеопфатната тема се фокусираше на потребата за податоци за сексуалната ориентација и родовиот идентитет, со цел подобро да се разбере и да се преземат мерки против социјалното и економско исклучување на припадниците на ЛГБТИ групата.  

Во земјите од Западен Балкан, Светската банка беше прва која ги собра податоците поврзани со сексуалната ориентација и родовиот идентитет (SOGI). Врз основа на ова и други истражувања, знаеме дека ЛГБТИ лицата во регионот се соочуваат со високо ниво на дискриминација, исклучување и насилство. Една третина од ЛГБТИ лицата кои ги анкетиравме биле жртва на насилство - при што трансродовите лица се најранливи, со повеќе од половина од нив кои пријавиле насилство.

Овие податоци се особено корисни за подобро разбирање на потенцијално негативните последици од пандемијата КОВИД-19 врз сексуалните и родовите малцинства: 12 проценти од ЛГБТИ лицата кои ги анкетиравме не биле на неопходен медицински преглед поради страв од дискриминација од страна на медицинските работници. Нашето истражување покажа дека во Србија, само една третина од испитаниците на ЛГБТИ го оцениле своето здравје како „многу добро“, споредено со 55 проценти од општата популација. Тука повторно откривме дека во трансродовита група, состојбата е многу полоша, бидејќи само 18 проценти од нив го оценуваат своето здравје како „многу добро“. Самопроценката на лошо или многу лошо здрвје прогресивно се зголемува кај ЛГБТИ лицата кои се сиромашни (11 проценти), многу сиромашни (14 проценти) и екстремно сиромашни (20%), наспроти 5 проценти од вкупниот примерок на ЛГБТИ припадниците.

Овие и други податоци ќе ни помогнат нам и на нашите партнери да изградиме поинклузивно и поотпорно општество, особено како одговор на КОВИД-19 пандемијата и нејзините социјални и економски последици во регионот. Светска банка останува посветена да помогне во собирање на SOGI податоците и мило ми е што ќе ја продолжиме нашата работа во Западен Балкан со истражување на економските трошоци на исклучувањето, базирано на SOGI  во Србија.

 


Authors

Linda Van Gelder

Country Director, Western Balkans, Europe and Central Asia

Join the Conversation

The content of this field is kept private and will not be shown publicly
Remaining characters: 1000