Photo: gui jun peng/Shutterstock.com
Во многу делови од светот, економијата на споделување е општо присутна за поединците, овозможувајќи им најрационално да ги користат своите лични средства – на пример, куќи и автомобили. Ако планирате одредено време да бидете отсутни, зошто да не го изнајмите вашиот простор и да заработите некој денар?
Овој феномен постои во инфраструктурните економии, каде нивото на искористеност на средствата влијае врз крајниот трошок. Што повеќе корисници почесто користат иста инфраструктура, трошокот по единица за сите потрошувачи оди надолу. Неодамнешните проекти во кои се прави комбинација на знаењата на тимовите на Светска банка за дигитален развој и за енергетика го демонстрираат ова.
Иако корисниците можат да видат дека дигиталната поврзаност се движи кон безжичните модели, вреди да се нагласи дека постои силна инфраструктура зад овие безжични врски. Висококвалитетните безжични услуги бараат брзина на светлината која може да се добие само ако зад Wi-Fi предавателите постои оптички кабел. За среќа, денешните електрични мрежи користат оптички кабли за надзор над системите, за заземјување, контрола и следење. Стандардната практика е овие оптички кабли да се водат заедно со инфраструктурата за пренос на енергија (видете ги „мачкините уши“ на подолната фотографија).
Но, овие кабли често имаат поголем капацитет отколку што им треба на енергетските компании кои обично користат околу 10 проценти (видете ги фотографиите). Тоа значи дека тие имаат вишок капацитет што можат да го споделат (или подобро да го продадат) преку комерцијални договори, на давателите на интернет услуги (ДИУ). Тоа е добра спој – енергетските компании добиваат нов извор на приходи за иста база на средства, а пак ДИУ можат евтино да го прошират својот пристап. Тоа им овозможува и на помали ДИУ да влезат на пазарот и со тоа да ја подобрат општата конкурентност на секторот.
Овој концепт не е нов. Тој се рашири низ високо развиените земји со доаѓањето на телекомуникациите. Во земјите со пониски приходи, споделувањето на пасивната опрема – како што се бетонските кули, водовите и бандерите – се рашири како резултат на обврските воведени од комуникациските регулатори за унапредување на телекомуникацискиот сектор. Меѓутоа, споделувањето на активната опрема како што е вишокот капацитет на оптичките мрежи на енергетските компании и понатаму е во зародиш.
Фактот дека енергетскиот и телекомуникацискиот сектор бавно го прифаќаат споделувањето на инфраструктурата на активна опрема произлегува од регулативните фактори и од недостатокот на капацитет и/или свест:
- Регулативните ограничувања ги спречуваат енергетските компании, особено операторите на мрежи за пренос на електрична енергија, да ги комерцијализираат своите телекомуникациски средства. Од друга страна, недоволната стимулација од страна на регулаторите може да ги ограничи активностите во оваа насока.
- Компаниите од енергетскиот сектор не се запознаени и немаат знаења како да се справат со телекомуникацискиот сектор и недоволно ги ценат комерцијалните и општествените придобивки од споделувањето на инфраструктурата.
- ДИУ се природни сојузници, често комуницирајте со нив. ДИУ имаат корист од споделувањето на инфраструктурата преку пристап до поголем оптички капацитет. Операторите на системите за пренос на енергија (ОСП) кои сакаат да развијат практика за споделување на инфраструктурата треба да го разберат пазарот на ДИУ, истражувајќи ја побарувачката за вишок оптички средства за да ја определат големината на потенцијалната шанса. Паралелно, ДИУ треба да бидат доследно информирани за процесот на споделување на инфраструктурата и/или за промените на регулативата што би можеле да бидат предизвикани или за можните промени (на пример, нова деловна единица) во ОСП која ќе се грижи за оваа нова услуга.
- Останете фокусирани на пошироката слика. Не е за изненадување дека ОСП, кои секојдневно се соочуваат со предизвикувачки прашања во снабдувањето со електрична енергија, нема да брзаат да се вклучат во споделувањето на инфраструктурата. За нив, енергијата е нивен примарен бизнис и тие имаат отпор кон излегувањето од нивната безбедна зона со тоа што ќе се впуштат во телеком бизнис. Сите приходи од активностите за споделување на инфраструктурата веројатно во првите фази ќе бидат занемарливи во споредба со приходите од снабдување со енергија. Поради тоа, секоја почетна стратегија за убедување треба да се насочи кон покажување на пошироката слика на тоа како споделувањето на инфраструктурата може да им помогне јазовите во пристапот до дигитални услуги и да ја поддржи нивната дигитална трансформација. Ниту една земја не е имуна на јазови во дигиталната инфраструктура .
- Подобро да се покаже еднаш, отколку сто пати да се опишува. Во периодот 2014-2016 година, со поддршка на грант од Советодавниот инструмент за јавно – приватна инфраструктура (ППИАФ), Светска банка на косовскиот ОСП, КОСТТ А.Д. му обезбеди поддршка за операционализирање на пристапот кон споделување на инфраструктурата. Техничката помош си ја постигна целта: во 2017 година, КОСТТ го потпиша првиот договор, а вториот следеше по половина година. Вкупно, скоро 10 проценти од неговата оптичка мрежа, околу 100 километри, е комерцијализирана од четири оператори. Кога ќе се навратиме на овој успех, може да видиме дека клучно беше организирањето посета на две холандски компании (Рилајнд Б.В. и Новец Б.В.) за да се учи од нивните искуства. Косовските директори беа импресионирани од тоа како овие компании се вклучиле во споделувањето на инфраструктурата како дел од нивната општествена мисија. Брзо потоа, одборот на КОСТТ донесе стратешка одлука да ја направи компанијата прва косовска јавна инфраструктурна компанија која ќе нуди оптички услуги на телекомуникацискиот пазар.
Повеќе информации за споделувањето на инфраструктурата помеѓу секторите, може да најдете во следните ресурси:
Иницијатива за балкански дигитален автопат
Алатка за споделување на инфраструктура помеѓу сектори
Блог: Електричната енергија и интернетот: два пазари, една голема шанса
Блог: Сега постои балтички автопат за податоци, кога ќе имаме такво нешто на Балканот?
Join the Conversation