Глобалниот интерес за раното детско образование (РДО) расте бидејќи сè повеќе земји сфаќаат дека вложувањето во најмладите членови на општеството лежи во срцето на развојот на човечкиот капитал. Значителен број меѓународни истражувања ја истакнуваат важноста на РДО, не само за подготвеноста за училиште, туку и за подоцнежните образовни и животни резултати. Со оглед на ваквите докази, Владата на Северна Македонија е посветена на проширување на пристапот до РДО и подобрување на квалитетот на раното учење.
Делот од сложувалката на РДО што недостасува
Во однос на пристап, земјата постигна значителен напредок во подобрувањето на учеството во предучилишното образование. Бројот на деца запишани во сите видови предучилишни установи е зголемен за 11% помеѓу 2009 и 2019 година, што е значително достигнување.
Сепак, и покрај подобрувањето на пристапот до РДО, земјата нема систем за следење на квалитетот на РДО, така што се соочува со предизвици во одговорот на прашањето: каков е квалитетот на учење од рана возраст во Северна Македонија и како можеме континуирано да го подобруваме?
Давањето одговор на ваквото прашање станува уште поважно со оглед на потенцијалните загуби во учењето предизвикани од КОВИД-19. Без соодветен систем за мерење на квалитетот ќе биде тешко да се направи преглед на влијанието на пандемијата врз учењето и благосостојбата на децата и да се дизајнираат соодветни одговори.
Решението
За среќа, сега тоа ќе се промени! Со финансирање од Светска банка преку имплементација на Проектот за подобрување на социјалните услуги (ППСУ), Министерството за труд и социјална политика (МТСП) е во процес на воведување нов пакет алатки за мерење на РДО наречен МКИУРВ (Мерење на квалитетот и исходите во учењето од рана возраст) за генерирање на национално споредливи докази во РДО. Овде го опишуваме нашето патување во воспоставувањето на овој нов систем за мерење во Северна Македонија и споделуваме некои од научените лекции од МКИУРВ.
Процесот на имплементација на МКИУРВ ги вклучува следните четири фази: прилагодување, консултации, теренско пилотирање и примена на инструментите на национално ниво.
Прилагодување. Процесот започна со формирање на главен тим на МКИУРВ со експерти од академски институции во Северна Македонија, претставници од МТСП и Бирото за развој на образованието и техничка помош обезбедена од Светска банка. Во согласност со протоколите утврдени од меѓународниот конзорциум за МКИУРВ, главниот тим ги презеде следните задачи во процесот на прилагодување на алатките:
а) Внимателен и темелен преглед на постојните политики за предшколско образование, вклучувајќи ги наставните програми и стандардите за рано учење.
б) Почетен извештај кој ја вклучува рамката за националната студија и клучните прашања на кои ќе одговори.
в) Детален поглед на тоа што децата треба да учат и да можат да прават, вклучувајќи и како наставниците треба да го поддржуваат овој развој преку нивната практика и обезбедување на стимулативни, безбедни средини за учење.
г) Мапирање на домени на МКИУРВ во однос на рамката на националните политики и наставни програми, така што сите употребени ставки се соодветни за целта и ги задоволуваат потребите на македонскиот контекст.
Консултација. Откако беа подготвени нацрт-алатките, беше формирана МКУИРВ консултативна група која ги свика претставниците на централната и локалната власт, академската заедница, претставници од граѓанското општество и меѓународните организации кои работат во доменот на РДО. Во јануари 2021 година, главниот тим, со раководство од МТСП, свика работилница за засегнатите страни на МКУИРВ за: i) да ја информира работната група за статусот на инструментите; ii) зајакнување на алатките преку пошироки консултации и придонеси; и iii) да се изгради консензус и да се преземат алатките и процесите. По работилницата, главниот тим изготви резиме на влезните елементи и извештај кој се однесуваше на прашањата од засегнатите страни и наведе како ќе бидат вградени предлозите од групата на засегнати страни. Затворањето на кругот на возвратни согледувања на овој начин беше од суштинско значење за да се осигураме дека процесот на консултации е транспарентен.
Пилот теренско тестирање и обука на попишувачи на истражувањето. Со почетокот на пандемијата, не бевме во можност да ги тестираме алатките во планираната временска рамка бидејќи теренското тестирање беше ставено во мирување неколку месеци додека не дозволат условите за тоа. Откако алатките на МКУИРВ беа претходно тестирани на терен, тимот внесе подобрувања врз основа на изводливоста и релевантноста.
Паралелно со пилот тестирањето се одржа и тридневна обука за попишувачи за главни обучувачи. Пет главни обучувачи на попишувачи беа обучени (лично и виртуелно) и сега се експерти за користење на МКУИРВ инструментите. Темелниот процес на селекција на главните спроведувачи на истражувањето и висококвалитетната обука се клучни за да се обезбеди точност и веродостојност на наодите.
Национална примена на инструментите. На почетокот на 2022 година, земјата започна со имплементација на првата национална проценка МКУИРВ, која ќе собира податоци за резултатите од учењето и развојот на децата, како и податоци за средините за учење, знаење на родителите/негувателите и ставовите и практиките на наставниците. Процесот на собирање податоци ќе вклучи национално-репрезентативен примерок на деца кои посетуваат предучилишна установа (приближно 2700 деца).
Извлечени поуки во раната фаза
Досега извлековме неколку вредни поуки, а кои мислиме дека се релевантни во секој даден контекст во кој треба да се имплементираат МКУИРВ или слични проценки. Тие вклучуваат:
- Проверете дали има услови кои овозможуваат мерење на системско ниво.
- Од клучно значење е владата и сите засегнати страни да ги водат активностите од самиот почеток.
- Мерните алатки треба да се развијат преку консултативен процес кој вклучува низа засегнати страни. Ова е критичен елемент за да се задоволат заинтересираните страни во процесот и да се подобри квалитетот на напорите за мерење.
Значи, што размислувате да направите во вашата земја за подобро да го разберете квалитетот на РДО?
Join the Conversation